беден (прид.) - живот (имн.)

Тие негови зборови уште толку ме дотолчија и мислам дека целиот мој беден живот ќе ги паметам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не ни дава господ, на нашиот мал, беден живот, сè да ни е јасно...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можеше, со насмевка (сепак тажникава), а да не помисли (односно парафразира една од омилените мисли, онаа) на Вирџинија Вулф во „Бранови“: Го спуштив весникот на масата и помислив, нема сомнеж дека овој наш беден живот, овој наш неугледен живот, се облекува во блескот и ја добива полната смисла само под окото на љубовта.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Проклет да бидам, можете да ги наброите сите факти од неговиот беден живот, не, се колнам, не ќе ја најде вистината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Заборавивме на ѕидот, на ужасните утра, на будењето, на часовите по карактеристика, на бедниот живот, на сите понижувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кутриот човек, одвај да го распознаеш ѕвонарот-тиранин, невозможно, се колнам, во тој миг секое детско срце беше со него, се молеше за неговиот беден живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Својот спас, својот беден живот му го должам само на еден човек, златниот човек, несреќниот Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го снема и исчезна суштеството, од никого незаштитено, никому мило, никому интересно, суштество кое не обрнало внимание врз себеси дури ни на еден природољубец, кој не пропушта можност да набоде на игла обична мува и да ја разгледа под мискроскоп; суштество што покорно ги поднесуваше канцелариските подбиви и кое без каква била особена причина слегнало во гроб, но кому сепак, иако пред самиот крај на животот, му блеснал светол гостин во облик на шинел, оживувајќи му го за миг бедниот живот, и врз коешто исто така неподносливо се струполила несреќата, како што се струполува врз царевите и врз господарите на светот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На тој начин во департаментот се дознало за смртта на Акакиј Акакиевич и, следниот ден, на неговото место веќе седеше нов чиновник, значително повисок по раст и кој буквите веќе не ги испишуваше со толку исправен ракопис, туку многу понаведнати и покоси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)