балкански (прид.) - козји (прид.)

Имаше кажувања дека кутрите француски кози биле разделени од сестринското стадо, продадени за скапи пари на други козји ентузијасти. Вистинска балканска козја мафија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Метафората на балканскиот козји трагизам е сигурно израз на сфаќањето на феноменот на власта, присутно уште од отоманското време, која на Балканот, се прифаќа како фаталност, која доаѓа од многу далеку и од многу високо, дури и од самиот Бог, и која мора да се поднесува и се останува немоќен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)