балкански (прид.) - покер (имн.)

Не сакаше да го расипе балканскиот покер. А почнуваше нова игра.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овој разговор беше завршен со поделените карти. Продолжуваше балканскиот покер.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Балканскиот покер најпосле можеше да почне, со четвртиот, непознат играч...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ги прочита и трите книги на старотурски што му ги донесе Климент Камилски во ноќта на балканскиот покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не прилегаше на ниту еден од четвртите партнери на балканскиот покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но балканскиот покер мораше да продолжи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXX И додека Татко го гледаше Камилски како со бавни чекори и куферчето книги се доближуваше до нашата куќа, се пренесе во мислите во денот на ненадејното вклучување на Камилски во балканскиот покер во нашата куќа со Татко и неговите пријатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А за тоа одлучи, нема да верувате, една партија балкански покер на чардакот на нашата куќа крај реката помеѓу Татко и неговите верни пријатели. Тоа вреди да се раскаже...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се радувавме на нашата добивка од сигурната игра на балканскиот покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко го следеше неговиот поглед и не го покажуваше своето прикриено задоволство што непознатиот играч во балканскиот покер покажуваше интерес за неговите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тоа се случуваше на денот на балканскиот покер во нашата куќа крај реката. Покерска балканска судбина!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така во ноќта на балканскиот покер во нашата стара куќа крај реката Татковата судбина се разграни во два правци: првин беше повикот на пријателството на Климент Камилски и потоа потрагата и откривањето на битолските кадиски списи, познати како сиџили, на кои им остана верен до крајот на својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
III Татко ниту во најоптимистичките варијанти не можел да си претпостави дека балканскиот покер ќе му го донесе, можеби, најдобриот, најблизок и најверен пријател во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)