балкански (прид.) - нација (имн.)

Според Салвемини, „балканските народи стануваат жртви на две несреќи: несреќата направена од нивните сопствени политичари и несреќата направена од дипломатите на големите сили“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа заедница би требало да биде алка меѓу Западот и Русија, а не обид за изолирање на Русија зад редица тампон-држави исправени против Русија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Наместо да биде украс на парламентарната зграда и доказ за педантноста на малата балканска нација, собранискиот тревник беше домаќин на бизарниот излет на неговите политички противници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На прашањето на Доливети, како може Балканот да излезе од стегите на реакционерните сили, Богдан Радиша сметал дека тоа е можно единствено ако се возобнови старата девиза: „Балканот на балканските народи“ и таа да биде обновена во формулата за балканска заедница на слободните балкански нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Во некои семејства имаат знамиња од сите нови балкански нации, за никој да не ги изненади!“ – дополнила Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејасното мислење за слободата, според него, добило конкретизирање со тоа што балканските нации „сакаат да ги тргнат народите и земјите на Балканот од дофатот и меѓусебното дејствување на империјалистичките сили, независно дали се од Оската или не“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)