балкански (прид.) - лавиринт (имн.)

Пепелта, при неговите занесени читања, која како да патуваше од книга во книга означувајќи една од варијантите на потрагите по балканскиот лавиринт, за мене значеше линија на нова потрага во која се криеја тајните на Татковиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Една османскотурска заемка ќе ги води по два или три пата на разбирањето, но без некогаш да се стигне до вистинската смисла, како да водеше до некоја ирационална цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој го потсети Татко дека минатиот пат се договорија да трагаат по излезите на балканските лавиринти низ јазиците и јаничаризмот и дека е готов да прими порачки за да набави книги од овие области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што повеќе навлегуваа во јазичниот балкански лавиринт на турцизмите, Татко и Камилски јасно согледуваа дека никогаш нема да го најдат излезот, ќе ги замајуваат постојаните крстопати на јазичниот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но крајниот сон на Климент Камилски беше да создаде библиотека со ѕидови од книги, како отворени граници кон бескрајот, во потрага по излез од балканскиот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ми прилегаше на сфинга во патувањето на албанскиот дел на балканскиот лавиринт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се мачев во безизлезот во кој се најдов да трагам во сеќавањето по излезните таткови идеи од балканскиот лавиринт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XXXI Како што јас согорував во моите писма и во одговорите, да ги откријам причините и мотивите поради кои Елен Лејбовиц толку внесено ми пишуваше, така и таа упорно и доследно трагаше во тајните, по балканскиот лавиринт, во кој ја заведуваше моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Токму тука требаше да се бара.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така беше и со ова писмо... 19 јуни 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Синтагмата балкански лавиринт беше многу честа во неговите записи, како и подоцна балканското проклетство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новите врз старите граници само ги зголемуваа варијантите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Францускиот јазик можеби ќе ѝ послужи побргу да излезе од овој маѓепсан балкански лавиринт на разлики!” – дополнила Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нерешителен да го стори пресудниот чекор во едната или другата насока, првиот пат да ја прифати „отоманската врска” која му се нудеше преку неговиот славен вујко Фетхи-беј Окијар, а вториот пат, да ја прифати „француската врска”, преку францускиот генерал Едуард Огист Мортие, командантот на окупираната зона на Поградец, за време на Првата светска војна, Татко засекогаш си оста­на во „балканскиот лавиринт”, како што и самиот рече во една пригода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)