балкански (прид.) - вистина (имн.)

Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не ја виде светлината на денот. Заврши во библиотеките на двајцата занесени трагачи по заедничките балкански вистини...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, почувствува дека му претстои уште една тешка битка на патот кон вистината, кон таа балканска вистина во која да не е никогаш докрај да, како што не, не е докрај не !
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)