бавен (прид.) - движење (имн.)

Беше тоа висока жена, слична на скулптура, прилично молчалива, со бавни движења и со прекрасна светла коса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека го посматраш бавното движење на перките на ветерниците кои личат на авионски пропелери, веднаш помислуваш на Сервантесовиот Дон Кихот, на Санчо Панса и на Дулчинеа...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека наближував кон него, тој со бавни движења ја извади виолината од футролата, потоа, уште пополека ја подбради, замавна неколку пати со гудалото, зазеде карактеристичен став на човек што свири и почна да ги трие жиците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Почувствував дека сум сред влажно поле со полегната магла, густа и непроѕирна, во бавно движење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лилица и Азра со грбовите (на Лилица грбот и беше испотен и по него се тркалаа јадри капки вода) беа потпрени на градите на Андон, двете со опуштени глави наназад, легнати едната на левото, другата на десното рамо на пријателот кој лакомо си ги имаше наполнето рацете со по половина задник од двете жени и со бавни движења на дланките ја чувствуваше разликата меѓу оној на малата Азра, тврд, заоблен, голем колку цицката на Лилица, со зафатнина рамна на својата рака, и задникот на Лилица кој оставаше широк простор за движење на другата рака со која Андон со благ стисок на најиспупчениот дел ѝ даде знак да се наведне над креветот, при што таа ја потпре главата на здружените подлактици и многу бргу ја почувствува тврдоста негова која влегуваше внимателно но сигурно и ѝ ја поткреваше сета внатрешност нагоре, ѝ ја враќаше кон грлото, кон устата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
БАВНО ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО ЖРТВАТА 29 март, 23 часот Во раката чувствуваше како ми расте машкоста, обидувајќи се со меки и бавни движења на дланката и на долгите, необично топли и нежни, негувани прсти, да одговори на тој порив во знак на радост како прв пат сега да се накрева со таква сила она по кое таа толку многу копнееше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра и шепна на Лилица „Го јаваш азганов… ама јаваш...“ кога Лилица со широко раширените бутови веќе ги имаше обгрлено од надворешната страна бутовите на Андон кој лежеше на грб и со јазикот ги правеше првите, сосема бавни движења меѓу нозете на Азра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само очите на учениците, занемени и зачудени, ги следат бавните движења на учителот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ајде, опа, опа, опа! - велеше старецот и со бавни движења ја вртеше косата низ бујната планинска трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се смолзгаме сега од вагоните со бавни движења, како гуштерици на студ: ни коска се мрда, ни жила се витка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прават некои бавни движења што не се нивни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Биле ветроепци: кога не им се работело, местеле по ридиштата примки за еребици, барале рекички од кои со приготвени кошови ќе извадат риба или во шумата покривале со лисја стапици за дивина, па фатиле болвлива лисица и срнец со бел задник. Лапале и полжави и желки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговите строги очи се лепеле за тилот на најмладиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другите доаѓале со бавни движења до збунетиот Лозан Перуника и го мереле со аршинот на своите сомневања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тагата по селото во подножјето на северната скопска црногорица ги гонела со труд да го совладуваат бавното движење на времето, во таа доба на годината ненадејно смекнато од јужно ветре и од сладострасност на цутната разбуденост на овошките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)