архаичен (прид.) - грчки (прид.)

Со опстојувањето на знаците без фонетско значење во редоследот на алфабетот, системот на бројни вредности ја игра улогата на фактор за зачувување, кој се спротиставува на секаква промена на наследениот редослед на графемите во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, мошне мала е веројатноста ваквиот систем за означување на бројните вредности да настане во архаичното грчко писмо со неговите 23 симболи, коешто поради малубројноста на своите симболи не е доволно за одразување на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На тој начин, архаичниот грчки систем од 23 знаци во алфабетски ред, кој завршува со симболот ypsilon, го сочинува она првобитно општо јадро, од кое подоцна ќе се развиваат сите останати варијанти на грчкото алфабетско писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа претпоставува, исто така, и првобитно создавање на архаичното грчко писмо во едно определено место, најверојатно на островите на јужниот архипелаг, како и натамошно ширење на истото во облик на различни локални варијанти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквиот архаичен грчки систем на писмо веројатно е создаден како резултат на индивидуално творештво на некоја истакната личност, која успева да го прилагоди старосемитскиот систем на писмо кон фонетскиот систем на грчкиот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како приближна епоха на создавање на грчкиот алфабет треба да се земе почетокот на првиот милениум п.н.е., кога знаците на старосемитскиот систем на писмо ја добиваат онаа графичка форма што е карактеристична за цртежите на знаците на архаичното грчко писмо. Маргина 37 89
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)