антички (прид.) - време (имн.)

Јас сакам до небо и преку старата железничка пруга, низ зрелите жита, од античките времиња, од кога скитам, од другата страна на виножитото кружно што од небо се гледа, а не сводно, од земја.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Таткото на нараторот ,ерудит веднат врз стари источни записи, му ја пренесува на водачот на козарите тајната на козите и нивната симболика уште од античките времиња...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Социјализмот, теорија што се појави во почетокот на деветнаесеттиот век и претставуваше последна алка во синџирот на мислења што се протегаше назад сѐ до бунтовите на робовите во Античко време, сѐ уште беше сериозно заразен од утопизмот на минатите времиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)