американски (прид.) - офицер (имн.)

Испратена нова група американски офицери за помош на монархофашистичкиот режим од Атина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
119 Каква беше политиката на Соединетите Американски Држави спрема Југославија во почетокот на 1944 година се гледа од телеграмата испратена од К. Фотиќ до Божидар Пуриќ на 11. III 1944 година, во која вели: „Американските офицери кои биле кај Дража носат прекрасни извештаи за Дража.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Министерството на војната подвлекуваат дека говорот на Черчил не одговара на вистинската состојба во земјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа започнало инфилтрирањето на американските воени мисии во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие први требало да влезат во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајорот Скот Дикинсон бил првиот американски офицер што бил испратен при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првите двајца американски офицери што го напуштиле Вашингтон на 10 мај 1943 година и биле испратени во Каиро за да се инфилтрираат во Југославија биле Џорџ Мусулин и Џорџ Вучиниќ, и двајцата, Американци од југословенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
266 На 11 октомври 1944 година Force 399 во радиограмата испратена до британската воена мисија Spike го изложила планот според кој на барање на американскиот полковник Хантингтон сите американски офицери и членови на мисиите требало да се вратат што е можно побрзо во нивните контролни бази.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)