американски (прид.) - новинар (имн.)

- ме прашува американската новинарка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Џипот исфрлен од друмот. Во ендекот мртви лежат американскиот новинар и неговиот преведувач. Скраја ранец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Меѓу нив и еден американски новинар со свој преведувач.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јануари 1947 година. Американскиот новинар Роберт Блејк пишуваше: „Џандарите се најдобрите мобилизатори на партизаните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ОПОЈНАТА „РОЗОВА ДОЛИНА“ ДА СЕ ДОЈДЕ во мај во Бугарија а да не се види „Розовата долина“, тоа значи како да се види Нијагара без нејзините водопади - така рекол и запишал некој американски новинар, откако ги видел розовите пространи полиња кај Калофер, Казанлак, Розино...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
При онаа средба во јули, ме замоли да му ја дадам книгата на Алберт Сониксен, американски новинар и публицист, кој за време на востаничкиот период на почетокот од веков, се движел заедно со четите, вклучително, и во нашите краишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, германскиот напад на Кралството Југославија на 6 април 1941 година го сменил расположението на американските новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во репортажата, под наслов „По илјада години слободна Македонија“, тој ја запознава американската јавност со информации од „прва рака“, во кои, иако имаат историски неточности, објективно ги претставува настаните во Македонија, и покрај фактот, како што истакнува М. Вестерн, што пред пристигнувањето во Македонија, за време на престојот во Грција, во разговорите со тамошните официјални личности, постојано му било повторувано дека „Македонците се Грци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преку интервјуто, американската јавност беше запознаена со неколку проблеми што во тој момент беа од интерес за сојузничките и неутралните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Читајќи го неговиот говор, јас за миг се исплашив дека големиот британски конзервативец отишол премногу лево од мене... “.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 8 март 1944 година, „Њујорк тајмс“ го пренел коментарот на својот лондонски известувач Џемс Б. Рестон, со осврт на меѓусебниот однос на Британската и Југословенската влада во емиграција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Стравот произлегувал од можноста таквиот развој на настаните на Балканот, каде што од мај 1941 година немало ниту еден британски војник, да го зајакне излолационизмот кај оној дел од американската јавност што бил противник на инволвирањето на САД во војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тие денови посебно внимание предизвикало и интервјуто на повереникот на Националниот комитет за надворешни работи, Јосип Смодлака, дадено на американскиот новинар Сајрус Сулзбергер / Салзбергер "во некое село од Италија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Интерес предизвикала и репортажата објавена од американскиот новинар Морис Вестерн, еден од првите што пристигнале во Македонија непосредно по ослободувањето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Замерувајќи им на американските новинари што речиси сите "Титовите партизани ги нарекуваат комунисти", Луис Адамиќ ќе истакне: "Значи ли дека и Черчил е комунист, зашто на роденденот на Вашингтон, т.е. пред една недела, се изразуваше за Тито многу воодушевено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Преземените мерки на Британската влада да изнајде компромисно решение биле тема на која ѝ ги посветиле своите коментари неколку американски новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Окупацијата на Кралството Југославија, според одредени американски новинари, можело да има и негативни последици кај дел од американскта јавност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По навлегувањето на германските војски, сите акредитирани странски новинари, заради својата сигурност, биле принудени да го напуштат Кралството Југославија и да заминат во соседните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Луис Адамиќ, по повод говорот на Черчил, на ручекот на Редакцијата на весникот „Њујорк Хералд трибјун“, одржан на 7 март 1944 година, апелирал до американските новинари и до политичката јавност да ѝ се погледне еднаш на вистината в очи, бидејќи и самиот тој, како Американец, повеќе бил загрижен за Америка што нема доволно сили за да престане да „игра на картата на европската реакција“ и што Американците „не се веќе далековиди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не се работи само за сатира на сметка на изведувачите, што се воопшто raison d'etre на MTV, туку и за безмилосен приказ на глупавите и асоцијални гледачи.” Beavis & Butthead се успешни затоа што им успева да ги антиципираат сите блазирани судови и лоши шеги што може да се изречат на сметка на толку очигледно циничното однесување, какво што е повторното прикажување на стари музички видео спотови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со тоа доаѓаме до оние луѓе коишто со тоа се занимаваат професионално и коишто на кусо ги спомнавме во воведот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со тоа не се согласи американскиот новинар Kurt Andersen, којшто во ревијата Тime напиша: “Можеби си имаме работа со најхрабрата емисија што кога и да е се вртела на државната телевизија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)