американски (прид.) - народ (имн.)

Истовремено конгресменот остро зборувал и против Луис Адамиќ, сметајќи дека тој е крив што американската јавност погрешно е известена за Михаиловиќ. 116 Кон крајот на септември 1943 година владата на Божидар Пуриќ од Лондон се пресели во Каиро, а го напушти на 9 март 1944 година. 118 Ла Гвардија во американската јавност беше познат како политичар со напредни идеи, на кој социјалистичките и комунистичките идеи не му беа непознати.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие, исто така, требаше да послужат како врска меѓу словенските народи и широките народни маси во Соединетите Американски Држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Луѓето со потсмев зборуваат за Америка, прават груби шеги на сметка на американската демократија, ја исмеваат наивноста и неинформираноста на американскиот народ...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но, со почетокот на војната, пред милионите Американци од словенско потекло, како основна задача, се наложи потребата да се вклучат во општите напори на американскиот народ за организирање одбрана против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Лари немо климаше со глава, обидувајќи се да го задржи достоинството на американскиот народ.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)