американски (прид.) - долар (имн.)

И кога во таква една култура (во која илјадници луѓе проживеале цели страшни паразитски животи на „културни работници“, обезбедувајќи си го до своите втори и трети колена тоа страшно влијание и семоќ на нивото на ова бачило во кое се прпелкаме) некој ќе завриска: крадци!, доларите истекуваат!, време е за пар бројки: (а пред тоа, фала богу, мантрата: Сети се кој си, кој е твојот интерфејс, кои се твоите динамички инпути и аутпути што те одржуваат!): „Маргина“ досега од „Фондот отворено општество на Македонија“ (дефетистички, но сигурно со дебели причини преименуван во „Хуманитарна фондација Сорос, Македонија“) за објавените пет броја (во четири книги) добила 2 250 американски долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- А, марките што ги спомнавме, не се поштенски, туку германски пари, исто како што зелените хартии се американски долари.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Организаторите на операцијата за нејзиното извршување барале 5.000.000 бугарски левови, 3.000 американски долари, како и 2.000 златници и 1.000 наполеони.55 Според информациите од Дража Михајловиќ, штабот на СОЕ во Каиро бил запознат дека организирана четничка група имало во Порече која била под командата на Наумовиќ на кого му помагал синот на Василије Трбиќ, Миловоје Трбиќ-Војче.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Организаторите на операцијата за нејзиното извршување барале 5.000.000 бугарски левови, 3.000 американски долари, како и 2.000 златници и 1.000 наполеони.55
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За возврат, да му плати поголема сума американски долари.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со оглед на артефактот кои патемно се споменуваат (разузнавачки слжби, американски долари) јасно е дека овојпат не станува збор за книгата напишана од пустиножителот пред десет века, туку за модерната визија на истата книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја платив возната карта и во џебот ми останаа само уште вкупно три американски долари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Спонзор: Институт отво­рено општество Македонија Љубезниот „Институт отво­рено општество Македонија“ реши и понатаму да го поддржува ова списание, доделувајќи ни три илјади американски долари за 1997 година.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)