американски (прид.) - администрација (имн.)

Во деновите на почетокот на светскиот судир, во САД живееја околу 15 милиони Американци од словенско потекло, кои со себе ја пренесоа националната и политичката разединетост од старата татковина, што беше една од основните причини за постојаните несогласувања меѓу иселеничките словенски групи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Обединувањето на самите Американци по јапонскиот напад на Перл Харбор можеше да се смета за завршено, но пред американската администрација се постави едно крупно прашање, како да се обединат големиот број Американци од словенско потекло, кои претставуваа основна работна сила во индустријата на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како пример ќе го наведеме разговорот на Елмер Дејвис (претставник на Уредот за воени информации) и Ален Крестон (директор на Уредот за странски јазици) со претставниците на српските и хрватските иселенички групи, одржан на 18 септември 1942.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради тоа американската администрација врз себе ја презела одговорноста да посредува во некои постојани несогласувања и отворени прашања што се појавија меѓу иселениците од словенско потекло во почетокот на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)