алкохолен (прид.) - пијалак (имн.)

Бендоу го наведува неодамнешното намалување на потрошувачката на алкохолните пијалоци, за да нè убеди дека легализацијата нужно не ја зголемува потрошувачката. Меѓутоа, овој аргумент не е оддржлив поради тоа што потрошувачката на алкохол драстично порасна по легализацијата, а почна да опаѓа дури во почетокот на осумдесеттите години. Тоа што за воведување на прохибицијата веќе никој не се залага, не би смеело да се толкува како аргумент кој би одел во прилог на тезата дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на крек или метамфетамин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потиснувајќи го својот глад за храна со жита и овошје и гаснејќи ја жедта со вода, човекот не бил задоволен и открил начини за ферментирање и дестилирање на житата и овошјето за да направи алкохолни пијалаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури и жестоките пијалоци што се најсилни алкохолни пијалоци, содржат околу 50% вода.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Алкохолните пијалоци главно се состојат од вода и етил алкохол (или етанол) кој се добива со ферментација на овошје, зеленчук и житарици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)