албански (прид.) - сонародник (имн.)

Кога границата меѓу Албанија и Југославија се извиши како висок непробоен ѕид, моите албански сонародници доаѓале до бодликавиот тел на границата од каде фрлале пари цврсто верувајќи дека некој ќе ги однесе до манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бранеше македонски рисјани, сиромашни рибари, свои албански сонародници, со голема внесеност и хуманост.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Причината Татко најмногу да се задржи на Кочи-беј, другиот, можеби најголемиот, албански јаничар по перо, по Сами-беј Фрашери, кој во својата позната енциклопедија Kamsul` Alam пишувал за османските меморандуми на својот албански сонародник, беше токму споредбата со Монтескје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го зеде, покрај правните и адвокатски книги, старотурско-францускиот речник на неговиот албански сонародник Сами Фрашери, еден том од Енциклопедијата на Пјер Бејл, добиен како подарок, чија тајна за тоа како ја добил ја дознав на крајот од неговиот живот. И толку!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)