албански (прид.) - планина (имн.)

Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Бојичките блузи што ни ти дадоа беа од убиените војници од Грција што загинале по албанските планини за време на грчко-италијанската војна...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш и пратиле писмо со печат и царски знак, дека синот јуначки загинал на албанските планини, бранејќи ја грчката патрида против Италијанците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога заврши фрлањето на падобраните, звукот на авионите почна да се губи, тие се оддалечија некаде преку албанските планини.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во неговата сива коса беше Првата светска, Малоазиската, Акронафплија, Метаксасовата ренка и рицинусот, албанските планини, германската, судирот со ЕЛАС, планините и ридиштата на Кичевијата и Шар Планина и сега оваа...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Морето е далеку; до Дринскиот залив, преку албанските планини, по воздушна линија има осумдесет морски милји; до Солунскиот Залив и цели сто и десет.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)