албански (прид.) - интелектуалец (имн.)

Така, тој истражуваше по животите и делата на прославени албански интелектуалци, лингвисти, книжевници, државници, војсководци и многу други со двојна судбина, а најизразит беше случајот на Сами Фрашери, потоа Фаик-беј Коница, Васо-паша Шкодрани, Јероним де Рада, но и прославениот последен египетски фараон Мехмет Али, победникот над Наполеон Бонапарта во борбите за заземање на Египет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко јасно сакаше да покаже, оправдувајќи ги своите подлабоки мотиви во проектот, дека и тој би можел да се вброи во традицијата на балканските и посебно албанските интелектуалци, дека на Балканот постои и една друга голема култура на луѓе кои црпеле како од европската западна култура, така и од источната исламска култура која ќе ја донесат Османлиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И стариот француски писател од еврејско потекло Леон Каин, восхитен од комплексната и силна ерудиција на младиот албански интелектуалец Коница, ќе му предложи да води албанолошки студии на Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ни крив, ни должен, како и многу други врвни албански интелектуалци, школувани во разни европски центри, ќе се најдат на нишан на албанскиот репресивен сталинистички апарат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)