албански (прид.) - војник (имн.)

XXVIII На положаите над селото и манастирот започна силно пукање; луѓето исплашени истрчуваа надвор и гледаа накај положаите да видат што се случува; најпосле дознаа дека војниците се веселат што ќе си заминат дома, што не дојде до војна; пиеја од чутурките ракија купена од селото и пукаа; се пукаше и од албанската страна, се веселеа и албанските војници што ќе си одат дома; изгледаше дека се натпреваруваа кој повеќе ќе пука или можеби така, со пукање се поздравуваа едни со други; излегуваа и едните и другите од рововите и земјаниците да се видат подобро, да си ги видат униформите, оружјето, да си ја видат радоста што куршумите не си ги вперуваат еден во друг, туку во воздух; се пукаше во бранови или зачестено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа таа ми кажа дека од раце и го зел еден албански војник кој скокнал во реката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Околу полноќ дојде еден вооружен вод албански војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неколку албански војници фрлаа ортоми, а мојата ортома како да не ја гледаше никој.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)