активен (прид.) - публика (имн.)

Елитистичките, економските, редукционистичките и песимистичките постапки ги заменија нагласувањето на релативната автономија, отпорот на публиката, множеството значења и политиката на уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Популарната култура стана сцена на динамично натпреварување, дури на “борба”, а не на статичка доминација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Еј, си реков“, рече Елефтерија кога утредента пиеја кафе во бифето на Центарот за печат каде што се одржуваше панел-расправата во присуство на активна публика од преку двеста души.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Доминантниот кино-филм фасцинира и забавува, а Џарман бара активна публика подготвена да го интерпретира филмското остварување како отворено дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа е важно да разбереме, да се отарасиме од удобните каучи и да станеме активна публика, во однос на технологијата која доаѓа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Заслуга на културните студии е во тоа што, токму со постојаното нагласување на улогата на публиката (теоријата за активната публика, што некои ја означија како „бесмислен популизам“), постигнаа никој повеќе да не верува во потполната зависност на публиката, што на секое медиско надразнување би реагирала како програмиран робот или марионета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Процесот на настанување на ваквите филмови е долг и сложен, што е и разбирливо ако се знае дека Џарман им припаѓа на оние филмаџии на коишто процесот на настанување на филмот им е поважен од самиот резултат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Палимпсестот е метода на работа со која настануваа и двете книги на Џарман.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)