азијатски (прид.) - потекло (имн.)

Јуруците, муслимани од азијатско потекло, живееја во некои села од јужната страна на планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Така е... - рече Англичанецот, - доста му е! - ја сврте чашата кон Французинот насмевнувајќи се: - Ајде ние да си се напиеме што не сме од азијатско потекло и што имаме по два ензема во црниот дроб...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)