адвокатски (прид.) - канцеларија (имн.)

Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нерешително стоевме пред вратата на една од адвокатските канцеларии, во која никој никогаш не влегуваше, и под чија наполу избришана фирма „Адвокат“ стоеше мала пожолтена хартија со дополнување: „Поморска шпедиција - застапник“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но затоа, веднаш би можела да ја почувствувам истата онаа возбуда од нејзината внатрешност како кога бев малечка, иако со децении не сум стапнала во неа, во широкото антре со мермерен под, од чија десна страна, во сутеренот, останува адвокатската канцеларија на г-н Сечков (и сега, кога ја замислувам, е како тогаш, варосана бело, со голема темно-кафеава работна маса пренатрупана со „предмети“, хартиени ролни завиткани со конопче, а пред неа, исто таков, темно-кафеав стол за клиентот).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако странката има повеќе законски застапници, односно полномошници, доволно е доставувањето да се изврши до едниот од нив (чл. 133, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доставувањето до адвокат може да се изврши и со предавање на писменото на лицето кое извршува какви било работи во неговата адвокатска канцеларија (чл. 134, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доставувањето на писмената на адвокати се врши по електронски пат, во електронско сандаче [т.е. преку e-mail адреса].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доставувањето до адвокат може 171 да се изврши и со предавање на писменото на лицето кое извршува какви било работи во неговата адвокатска канцеларија (чл. 125-а и чл. 134, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но тоа личеше на сѐ друго, освен на адвокатска канцеларија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајка беше загрижена што јагулите сѐ повеќе и повеќе го одвлекуваа татковото внимание од семејните грижи, од работата во адвокатската канцеларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најпосле си ја отвори и адвокатската канцеларија крај куќата, веднаш близу езерото, во еден од дуќаните кои му припаѓаа на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)