австриски (прид.) - војска (имн.)

Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Им кажа дека манастирот имал и постари вина, но кога дошла австриската војска го испила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По двомесечна опсада здружената полска и австриска војска ги поразила Турците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога стигнал со своите голтари до Скопје, она што никој не го памети и што го запалиле австриските војски на честитиот или никаквиот цар Леополд, ајдутот Парамон дошол пред књазот Карпош и му рекол дека ќе се бори на негова страна за човечки правдини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум читал и за соединувањето на австриските војски и Карпошовите востаници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тоа време, годината е напишана во црковните книги, мајданџијата Карпош ги кренал на востание луѓето од земјава, зазел од Турците неколку градови и ги исклал беговите во десетина села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму бил посетуван од Мур, кому му диктирал белешки за философијата на логиката, а се допишувал и со Расел на истата тема.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На 25 октомври австриската војска влегла во Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)