Хрватска (прид.) - интелектуалец (имн.)

Национален јунак, воен злосторник, шовинистичка свиња, хрватски интелектуалец.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Најниската точка до која што паднал хрватскиот интелектуалец, она интелектуално и морално дно што го досегна последниве години, е таа ролја на репрезентант на националната кауза, но секако дека тоа не е само хрватски проблем.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Наместо тоа, вели дека така рекол еден многу почитуван дубровнички поет или црногорски писател или хрватски интелектуалец.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но посебно жално во целава приказна е дека Крлежа е промовиран во Туѓманов советник во моментот кога веќе речиси на сите им е јасно дека Претседателот воопшто нема потреба за интелектуални совети бидејќи тој самиот себе си е доволен интелектуалец, уште повеќе, дека тој и не е ништо друго туку типичен хрватски интелектуалец, значи сега кога е јасно дека нашиот Претседател сето ова време воопшто и не се занимавал со политика, туку само го довршувал својот историчарски opus magnum со делото за настанокот на хрватска држава во дваесетиот век, потопувајќи го овојпат перото во крвта и солзите на сопствениот бескрајно обожуван народ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Поради особено важното место коешто Крлежа го зазема во тоа културно наследство, поради неоспорниот углед што го има Станко Ласиќ како општопризнат првокласен хрватски интелектуалец, поради несомнената упатеност на критичарот Висковиќ, но и поради нескриеноста со која се врши манипулација со тоа наследство (во истото интервју на Висковиќ дознаваме дека мислата на Крлежа е вградена во програмските темели на владеачката партија, а исто така и за идејата на Виктор Жмегач за чистењето на Крлежа од политичките импликации во неговото дело), Ласиќевото промовирање на починатиот Крлежа во советник на Туѓман станува дрзок предизвик за цела една генерација која во критичкото пресметување со традицијата и со нејзините самопрогласени чувари и толкувачи допрва мора да се избори за својот сопствен интелектуален идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)