Прилеп (прид.) - кадија (имн.)

Водачите одамна го предвидуваа овој случај, знаејќи ја силата на Турците и законите на прилепскиот кадија, затоа и беа готови подолго да се држат во тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бунтовниците од Мариово што не можеше прилепскиот кадија со години да ве фати и смири.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така правоверните го задушија востанието во Мариово и му ги испратија водачите на бунтот на прилепскиот кадија и на скопскиот беглер-бег да се расправаат со нив понатаму, а Аџи Јане и Аџи Рампо почнаа да бегуваат над останатите живи мажи, жени, деца и старци под новите имиња: Јануз-бег и Рифат-бег од Мариово. XVI дел ЕДНА НЕДЕЛА по Илинден, во еден од најжешките дни на месец август поминаа преку Прилеп тринаесет мажи и две жени исповрзани со дебели синџири за гуши, за раце и за нозе, водени од по тројца сејмени и пазени од по десет наемни царски војници со исукани јатагани и остри маздраци, а напред јаваа двајца бегови и еден забит на три црни коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се направи навистина самовилско оро, само не во планината кај студеното изворче, ами во салонот на прилепскиот кадија крај еден старец од педесет-шеесет години.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За сите сега царот ќе бара сметка од тебе. – Нека е жив царот – процеди преку заби поп Јаков. – Ке му дадам јас сметка за сите негови, ама ќе барам сметка за сите неправди што ги направи и што ги прави прилепскиот кадија на рајата. – Ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ете, до рацете на овој паша дојде писмото од прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така него го воспитуваа десет години, и тој си достоја на дадениот збор во конакот на прилепскиот кадија пред самиот себе дека се ќе слуша што ќе го учат и ќе прави што ќе го тераат, само и само да остане голем човек-кадија, баш на местото на оној што го плени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пленувањето на децата во Прилеп, како и зулумите во Чаништа и Лисиче ги огорчи сите слободољубиви Мариовци и во еден од летните дни на идната 1549 година се собраа во малото селце Сатока: земскиот кмет, кефалиите од сите села, поповите и други повидни луѓе и еднодушно го прифатија предлогот на поп Јакова: да се бранат од силниците, потпирајќи се на ферманот и бераатите од старите султани дадени на султанијата Мара, во кои пишуваше дека тој хаспосед Мариово нејзе и е отстапено и дека таа ги ослободила овие села од секакви давачки, та сега ова што го прави прилепскиот кадија е газење на тие стари закони и нивни права.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така дојде и писмото од прилепскиот кадија до рацете на Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што можеше и што имаше повредно да му испрати прилепскиот кадија на силниот султан Сулејман, освен да му ја зголеми, и така големата сила, со уште сто фанатизирани јаничари!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие сте вие, а? – се сети Мехмед за преписката што ја водеше Сулејман со прилепскиот кадија за буната во Мариово, бидејќи беше запознат со сите султанови работи, па и со оваа. – He сме ние бунтовници, везир ефенди, не!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да му објасни се потанко какви зулуми направи прилепскиот кадија над слободните царски луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)