Битола (прид.) - кадилак (имн.)

Верувајќи дека еден ден, макар предоцна, но секогаш нужно, ќе дојде до еден вид помирување со позитивните текови на исламската цивилизација од XX век на Балканот, по нивното радикално искоренување, како што тоа се случуваше и во Европа по вековните судири, Татко сметаше дека ориентализмите кои живуркаа и не исчезнуваат од балканските јазици, можат да бидат значајни елементи за поцелосна реконструкција за вредностите на некогашниот соживот, кој сам по себе содржел елементи на соживот, кои биле интегрално збришани во војните на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси са­мо од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но овде беше најсреќен што ќе работи крај Татко, кој овде беше донесен од Институтот за национална историја заедно со сиџилите, кадиските записи од битолскиот кадилак од XVI до XIX век, кои ги откри и на кои им го посвети животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така беше и на последната средба, на чардакот, со ортиенталистот Сокол Мечевски, дојден за да ги добие толкувањата на трите последни сиџили со кои, конечно, ја завршуваше својата монографија Исламизацијата на христијанското население на Балканот од XVI до XIX век, според сиџилите на битолскиот кадилак.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во времето кога позадлабочено трагав по историјата на Окијаревци и по нивните прилепски корени, во мене зачнуваше можната претпоставка дека Фетхи-беј Окијар барал од Татко да трага по корените на неговото семејство, низ документите кои веројатно се криеле во сиџилите на прилепскиот и на битолскиот кадилак...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)