Арап (прид.) - поет (имн.)

Тешко е да се пишува за поетот, кој од зборот прави уметност која го брани човековото достоинство, ќе рече еден арапски поет за Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја дополнував претставата за Арафатовата Палестина, со другата внатрешната Палестина на Махмуд Дарвиш. Тие не се исклучуваа, туку се дополнуваа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, два клучни настана од Поетската Република беа во врска и со моите подоцнежни дипломатски години (кој да го знае патот на судбината?): престојот и пријателството со палестинскиот и арапскиот поет Махмуд Дарвиш и со големиот шпански поет Рафаел Алберти во летото 1978 година и преписката, престојот во Струга и повеќедецениското пријателство со францускиот филозоф и социолог Едгар Морен во 1990 година, со потекло од македонските сефардски Евреи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се формираше крај езерските брегови еден вид Поетска Република во која поетите откриваа вистински пристан во нивното враќање од егзил, кое најчесто не можеа да го остварат во нивните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)