сред (предл.) - улица (имн.)

— Кумита, кумита, токо бргу сардисајте а куќата да не се премести некаде да ни откине.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како нарачан се испречи пред него еден заптија и Петко го запре на сред улица: — Ефенди, ондеа во една порта сега влезе еден кумита.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- И што ставиле на сред улицава, шмизла! Абе што народ ќе бевме, суртуци.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Застана со автомобилот сред улица и не можеше да престане да се смее.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Претежно без последици, ама не дај Боже да направев лоша проценка – останав на сред улица петнаес минути.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но Акакиј Акакиевич, ако и гледал нешто, преку сè му се појавувале само неговите чисти, со убав ракопис испишани редови и, дури ако којзнае од каде би се појавила коњска муцка, ќе му се најдеше на рамото и ќе му душкаше во образот, дури тогаш тој ќе забележеше дека не се наоѓа сред испишан ред, туку веројатно сред улица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Скриената стапица широко зина сред улицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Полициската кола стоеше сред улицата, со звучникот што произведуваше благ шум.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ме изненади и се стаписав сред улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)