сред (предл.) - одаја (имн.)

— го поткани Сефедин стариот коџобашија, и пак почна да го искушува: — Слушај коџабаши, слушај синко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко почна да се бори со себе: „Да кажа — ќе ме заколе четата; да не кажа — ќе ме отепа ноќеска Расим чауш, — и застана сред одаја да се чуди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Баба застана сред одаја и, клептејќи, го гледаше налутеното и навредено лице на даскалот. - Кутали, кутали, грија! - подвикна даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека тој го сучи пагурчето и молчејќи претура низ главата, легачот поставен сред одајата, шумно плапоти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мурад, сам и сиот соѕидан со перници, седеше сред одајата, а сите другите стоеја простум.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)