сред (предл.) - Македонец (имн.)

Мнозина ќе речат оти моите утврдувања за некакво ново течење во развивањето на националното самосознание сред Македонците е само мистификација на неколцина Македонци, но дека таа мистификација нема под себе земјиште и затоа како што се имаат скоро појавено на белиот свет, исто така скоро ќе исчезнат од него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие си дадоа отчет од улогата на Србија во македонското прашање досега и за иднина, затоа и ним им припаѓа честа да се создавачи на националниот сепаратизам сред Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)