спрема (предл.) - мене (зам.)

Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Месечината беше милослива спрема мене. Беше незрела, зеленикава, леплива.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Седна спроти мене, а тука имаше една грмушка, капина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше таа некако сожалително настроена спрема мене, не знам зошто, и ме гледаше како што се гледа сираче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Премила, златна светице, ти ја знаеш болката на секоја мајка, биди милостива и спрема мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најпосле, самата знаеш, Агна, дека тие малкумина колку што останаа по преселбите и по умирачките, годињево кога доаѓавме тука, и покрај својата затвореност, беа со тебе добри и пресретливи, а беа со почит, макар воздржано, и спрема мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одозгора спрема мене доаѓаа тројца, во средината го препознав командантот на ОЗНА. Сите беа исправени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)