според (предл.) - ваков (прид.)

Животот на геј-сентиментот, дисквалификуван од самиот почеток, може да најде израз само во она што изгледа како театралност, гнев, плачливо самосожалување, хиперболична страст и претераност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нешто во живнувањето на афектот што триумфира над општествената инхибиција укажува на еуфоријата што се крие во секое херојско одбивање да се живее лага.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Возможни се и други толкувања на овој миг кога општествените пречки попуштаат пред налетот на незапирливата емоција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Главната емоционална нишка во овие сцени, според ваквото гледиште, не би претставувала претераност, туку искреност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двете сцени од Милдред Пирс и од Најмила мамичке, според ваквото гледиште, го покажуваат зловесниот ужас на женскоста кој ги пробива нормите на пристојното однесување и најпосле се отпушта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, возможно би било и да се тврди спротивното: дека глетката на жени што „шизнале“ не доловува немоќ, туку ја доловува страшната моќ на згазените, кога најпосле ќе пукнат под товарот на неподносливата угнетеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)