според (предл.) - ред (имн.)

Според редот, прв требаше да се огласи директорот на нашиот театар со непроменливиот љубезен израз - клише на лицето, и кога е тажен и кога е среќен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А Татко веруваше дека во неговите книги се криеше вистинската драма, до чиј расплет се доаѓаше и според редот по кој се читаа книгите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште од студентски денови, кога заодеа по тесниот пат на заедничкиот живот, па и кога одеа на пат или одмор, тие се пакуваа секој за себе: Кате сè здиплено и наредено, одоздола до горе, според редот на потребите; а Боге, стуткано и на купчиња, без ред и за него важечки, така што кога бараше нешто требаше да ја истресе целата торба наопаку па да собира од земјата петкамци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)