според (предл.) - распоред (имн.)

Камилски му призна на Татко дека често доаѓал на железничката станица, според распоредот на пристигнувањето на Балкан-експресот од Атина во Скопје, на пат кон Париз и Лондон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, не можев да утврдам, всушност, дали Татко или неговите читани книги, според распоредот наложен од неговите алхемиски потраги во неговата библиотека, ме повикуваа на едно негово големо неостварено кружно патување низ водите кои означуваа планетарен круг!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во просторијата (според распоредот на мебелот, сликите по ѕидовите, цвеќето во саксиите се работи за гостинска соба) е скоро жешко, но насетувам, не само поради огнот кој татни во печката, дека ноќта е вагнеријански бурна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)