според (предл.) - мајка (имн.)

И еден ден, кога тоа најмалку се очекуваше, според мајка, Севишниот ја беше слушнал молитвата, уште од времето кога семејството ја минуваше границата, преку Езерото, па му помоgна на татко ми, вникнат во старо турско-персиско-арапскиот јазик, да ги открие во вакафот на една џамија во Битола кадиските записи, односно сиџили, пишувани на јазикот од пред три века, кој во него ја одржуваше, ширеше, продолжуваше природната еволуција која беше некогаш запрена, особено со крајот на Отоманската Империја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откако се премости критичното време со козите, спасителките на нашите животи, со златникот на дедо, во кој беше собрано сето наследство кое ни беше земено, а според Мајка, вратено од добриот Бог, па се спасија нашите животи од гладувањето, со Мајкиното жртвување да работи како касиерка во киното „Балкан” – требаше да настапат посреќни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)