според (предл.) - збор (имн.)

Но, според зборовите на Кирова, времето покажа дека тие не си ја вршат работата: на пример, синдикатите не протестираа против одлуката со која се намалува платата за 15% на неодредено време поради финансиската криза на претпријатието, како ни против онаа нелогична одлука за истовремена набавка на нови возила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, според зборовите на Х.Џ., и старото и новото раководство беа „лоши и погубни“ за работниците – затоа што на вработените, наместо плата им нудеа бонови со коишто можеа да пазаруваат прашок за перење „Гонг“ и други хемиски производи од асортиманот на АД „Охис“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Згора на сѐ таа е и дисциплински казнета, за наводно непочитување наредба од претпоставен, со парична казна наместо отказ. 4 Целта на новата директорка, според зборовите на Билјана, беше да ја понижи и омаловажи, бидејќи кон неа таа манифестираше и „изразена нетрпеливост“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ЈКП „Дервен“ – кадешто работат преку 250 вработени првенствено по партиска линија, во зависност од која која од двете најголеми партии ќе ја освои локалната власт – денес постојат два синдиката во кој своеволно и на недемократски начин е поставено раководството –  кое само ги информира своите членови за направениот избор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете затоа, алчните судии, но и адвокатите – коишто, според зборовите на Махатма Ганди, се нивните „први братучеди“ и кои „попрво би ја продлабочиле кавгата, отколку што би ја решиле“, воопшто не ни гледаат работите да ги направат поразлични од она што сè.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арно ама, во меѓувреме, новата директорка, поради лични (субјективни) причини, во септември 2009, го менува Правилникот за систематизација на работните места, при што се вршат промени во внатрешната организација на затворот, а се укинати и некои работни места – па на Зефиќ ѝ се доделува, за неа, деградирачкото работно место – референт!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговиот спор настанува по промената на фабричкото раководство во 2006 година (предводено од Ј.Ќука), заради неколку последователно неисплатени плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако споменатиот Камчев станува генерален директор, во фабрика- та – според зборовите на Авдиќ – „владее терор“ за неговите не- истомисленици.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После промената од директорската функција на претходникот на Камчев, сега покојниот О. Николовски (кој тогаш е испратен во 30-дневен притвор, а кој своевремено беше и градоначалник на општина Велес) – на „жешката“ и привлечна директорска позиција се сменија тројца ВД директори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Самиот Папа положи рози и се молеше пред скулптурата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пожарникарот беше одликуван со Витешки крст на Грегоријанскиот ред, зашто не само што го спасил уметничкото дело, туку - според зборовите на Папата - го спасил „симболот на Божјата мајка“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во некои случаи Ворхол им даваше елементарни актерски упатства - „јади полека, како да си даваш себеси време за размислување” (Eat, каде дејството трае 45 минути), или сугерираше траење на дејството (бакнежите во Kiss и фелациото во Blow job мораа да бидат продолжени до крајот на ролната, што траеше 30 минути), или, според зборовите на Вива, „едноставно ве пушташе пред камерата за да немате што да правите” (Вива во Nude restaurant ѝ приоѓа на камерата и сака снимањето да се прекине; желбата ѝ е исполнета).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во другите рани филмови, протагонистите не се претставуваат толку себеси колку што се израз на некое едноставно дејство кое им е наменето (Kiss, Sleep, Eat) или на задоволството коешто е предизвикано со дејствието врз нив (Haircut, Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Организацијата на времето е спроведена просторно така што низ единица простор (2 инча=1 сек.) се добиваат инаку недостапни траења како 4/7 плус 2/3 плус 1/5 шеснаестина нота во секунда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овие композиции можат да се изедначуваат во сите бројни комбинации и редоследи на настап. 176 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Во Концерт за клавир и оркестар (1957-58) повторно се вкрстуваат многубројните разновидни Кејџови искуства со намера да се концентрираат екстремните спротивности какви што нема во природата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова, според зборовите на пијанистот Џон Тилбјури, “го упатува изведувачот кон описот на звукот кој треба да се чуе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Проповедите на Милоша Милоевиќа и архимандритот Пелагиќ треба да ве засмејуваат а не да ве лутат; учителите кои (според зборовите на г-дин М. кој објави патриотски и многу остроумен протест во „Јавност“) се шетаат низ Македонија и кои сеат раздор меѓу српскиот и бугарскиот народ, би требало да се набркаат од бугарските краишта без протести и без никакви отворени писма; најпосле мислењата на белградските професори не би требало никого да лутат, зошто тие не се ништо друго туку само мислења а на секого му е допуштено да кажува умни работи но и глупости.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште повеќе, колку и одлуката да била “среќна” - според зборовите на Борхес - таа му била наметната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но јас се обидувам да го разберам неговото разбирање на литературата како “синтаксички факт” (“Ла литература ес фундаменталменте ун хецхо синтацтицо”), и неговото често наведувано уверение дека “нестварноста е состојба на уметноста” во врска со неговото признавање дека е несреќен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не велам дека Борхес пишувал само затоа да го задоволи татка си.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Статијата за Укбар (од која наводно писателот ги присобрал известувањата) не се појавува, според зборовите на раскажувачот, во четириесет и шестиот том на Англо-Американската Циклопедија, туку: “Томот што Бјој го донесе беше всушност XLVI том на Англо-Американската Циклопедија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На лажниот омот и рбетот, алфабетската назнака (Tor-Ups) беше како и на нашиот примерок, но наместо 917 имаше 921 страница. четирите додатни страници ја опфаќаа статијата за Укбар; тој не беше предвиден (како што читателот веројатно забележал) со алфабетска назнака.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Освен што тоа звучи наопаку, тоа би било грубо и претерано поедноставување на едно мошне сложено прашање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќесето со камчињата, школките, сувата дрво-рака, според зборовите на баба, ни ги испратил мојот прадедо Стефан од Божји Гроб, но самиот не се вратил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За постава одбраа платно, толку квалитетно и цврсто, кое, според зборовите на Петрович, е подобро дури и од свила и изгледа впечатливо и дури и светка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Елена, како и Невестата, е вплеткана во една инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како дрво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Приказната за Елена, преубавата ќерка на Зевс и Леда, содржи изненадувачки поклопувања со приказната за Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И кога се најдовме, според зборовите на Татко, на самата граница и кога змејот повеќе не се појавуваше, ние сите посилно се припивме кон прегратката на нашата мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Семејството на Малуф отсекогаш, според зборовите на авторот, се гордеело со својата арапска и рисјанска компонента во идентитетот, уште пред појавата на исламот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Франција му беше пример како земја со основна католичка традиција, во која се признаваше протестантската, еврејската и муслиманската димензија, како и волтеријанската (атеистичка) реалност, мошне претпазлива кон секоја религија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)