според (предл.) - вез (имн.)

Над густижот се разгранува див орев, на неговите гранки и на капините наоколу скапува разна облека, машка и женска, и според везот празнична, а внатре, во густижот, во една спила, се таи, во усама, Молитвена Вода. спилата целата е исчадена и искапана со восок, а од кладенецот, место бразда, прудолу низ шумата и низ полето, спрема наслебата во Потковицата, води добро разгазено патче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Порано, во последната Голема војна, тука, на Молитвена Вода, и во најнеочекувано време во денот и годината, среде пеколно лето и среде зима, на полноќ, среде јасник, гореа свеќи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)