според (предл.) - оние (зам.)

Но, има и конкретни историски причини зошто машката геј-култура постојано ги посрамува сопствените припадници, зошто секоја наредна геј-генерација бескрајно го повторува одрекувањето на претходната геј-генерација од геј-културата, зошто секогаш излегува дека самата геј-култура е – понекогаш според помладите геј-мажи и секогаш според оние што зборуваат во нивно име – исклучиво сопственост на постарите момци, на кралиците, на луѓето што на овој или на оној начин едноставно ја надминале: накратко, на другите, особено на другите чиешто стварно или замислено прифаќање на геј-културата секогаш на крајот ги прави да изгледаат и женствено и архаично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Претпоставувам што можело да има во писмото оти за неговата содржина може само да се нагаѓа од она што останало во моето сеќавање и според оние забележувања на моите откако дојдоа дека го читале и плачеле.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, според оние неколку редови што ни ги оставил несреќниот Мида, во центарот на клопчето-текст господарела огромна црвена буква што наликовала на нашето „Ж“, насликана како девојка-пајак, со раширени раце и нозе, како што и се гледа од ликот на самата буква.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)