според (предл.) - мене (зам.)

Гимназиум, според мене, беше најшеесетто место.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но цела пролет се вртеа „Penny Lane” и „Strawberry Fields”...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ќе пронајдев некој закон кој според мене не беше фер и едноставно ќе го прекршев. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, најдобар, според мене, однос кон деликатната тема “дрога” е: иронија и цинизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бевме најмалку осум вишок!, според мене, сметајќи го оброкот!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Резултатот треба да биде забава со големо З, бидејќи, според мене - доколку режисерот не забавува, тој само губи време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според мене, филмот е мошне богат медиј, неверојатно богат, кој е потполно во состојба да излезе накрај со повеќеслојните значења како во буквална така и во метафоричка смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А според мене, ова префинето чувство за рамнотежа не е карактеристика на Спилберговата естетика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да се создаваат филмови без нарација, според мене е ќорсокак.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа првична слика, според мене, тој прв допир со видливото е насцендентна состојба која бесконечно еманира импулсна емотивна материја во просторот на творечката свест.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Точно ова чувство според мене, е еден од заедничките белези и на поетската постапка на македонскиот творец.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Веќе имав вложено извесни напори да си ги изградам сопствените вкусови, за кои сметав дека се посебни и кои, според мене, го изразуваа мојот особен однос кон мојот историски миг, кои ги изразуваа мојата избрана припадност на одредени движења и стилови во современата уметност и култура и моите политички вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тоа не гледам ништо лошо; според мене таквиот однос кон феномените на популарната култура е најсоодветен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А покрај тоа, немам преголеми илузии и не би се осмелил да тврдам дека го знам патот што води кон тој толку посакуван (?), а воедно и тешко досеглив идеал, некој вид одговорно уживање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќепати слушаме дека кај популарната култура се работи за нешто површно (или “бездлабочинско”, ако го употребиме изразот на Frederic Jameson), но тоа сѐ уште не ги оправдува површните оцени, претходните квалификации и лесниот пристап.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според мене, скептичниот пубертетлија, за човек кој дотогаш водата ја почувствувал во ленинградските бели ноќи, на Нијагарините водопади или во оазата сред Сахара, ова беше пресмела изјава.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, според мене, во условите во кои живееме Македонците идентични со луѓето кои живеат во останатиот свет, стигмата не се јавува како недоверба во оние со кои може да се разговара, туку од тоа дали ќе те разберат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бихевиоралната ВИ не се бави со вишите воопштени модули (кои, според мене, секогаш вклучуваат хомункулус), туку со нижите специфични модули (како на пример “избегнување на препреки”).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не го измислив јас ова, туку во религијата која, според мене, највеќе ги почитува жените и секој маж има обврска да ја облекува и кити со злато секоја, бидејќи може да има повеќе, треба да ја опслужува неа и нејзиното тело додека не остари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Не е сосема луд“, рече Г., „но е поет, а според мене, тие се на еден чекор од лудите.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Поуката која од ова можеме да ја извлечеме е дека за политиката за спречување на наркоманијата може да се размислува и на поинаков начин, поконструктивно, така што би се спроведувала паралелно со борбата против причините за наркоманија. Расправата за легализација е погрешна бидејќи го одвраќа вниманието од ваквиот пристап.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, земјите кои паралелно се залагале за регулатива и за спречување на причините, а не за легализација, постигнале многу повеќе успех од Соединетите Држави во спречување на наркоманијата (и криминалот), така што Америка, според мене, би тре­бало од ваквите искуства да извлече поука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во неа требаше да се насочат, да се кристализираат, два, според мене, значајни тока: за да се состави клучната телеграма, која требаше да ги покрене механизмите меѓу двете земји во натамошните односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А од гајдата, според мене нема подобра свирка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите други жени, според мене, беа површни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Наша задача е да издадеме триесет странички монографија во која накратко, за најширокиот таргет, ќе го отслика целокупниот успех поврзан со дваесетте години, според мене, лично без никаква дилема, сосем коректно и успешно владеење на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Вака според мене изгледа рајот Јас сум голем мечтател и сонувач Будно сетам се ближиме кон крајот – но не мисли – остани додворувач Пред вечноста наша да стане пекол не стивнувај, беснеј, дивеј по веков Мојот Хемингвеј одлучно би рекол Бијте камбани в громогласен екот!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Советот што може да му го дадам на читателот е: “Quaer- endo invenietis”. Ешер Според мене, најубавите и најуспешни графички реализации на концептот на Чудни Јамки се оние на холандскиот графичар Ешер, кој живеел од 1898. до 1971.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Поради некои според мене сѐ уште нерасветлени околности Вртанов беше оценил дека токму во мојата личност може да се види идниот шеф на одделението па затоа настојуваше навреме да се здобие со толку посакуваниот статус на доверлив соработник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
КЛУЧАЛКА
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Разликата меѓу машката и женската тајна, според мене, е што машката е како балон, готов да пукне, а женската...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Значи, според мене, иако беше прилично стар, татко ти сепак беше непораснат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пред да ѝ го напишам мојот одговор ѝ испратив неколку осврти од париската критика, со потцртани пасажи, според мене најзначајни, со неколку мои коментари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако на човекот не му е погодено и не му е дадена љубов кога е помал, едноставно не може да ја постигне целта, небаре крилата да ти се скастрени, спечени, па не можеш да полеташ, барем според мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа беше голем чекор и според мене многу позитивен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)