со (предл.) - плачен (прид.)

Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Та јас никому нема да кажам ... – скоро со плачен глас исцимоли Мече.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Ќе се глава негде, дотко. Ќе бера дрва кај некој чорбаџија, колку лебот да го јада и пинците да и кина, — ѝ велеше Крсте на сестра си Бисера со плачни очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)