со (предл.) - чувство (имн.)

- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јадеше со чувство дека мора брзо да јаде, без починка, без застанување, зашто миговите во кои беше собрана таа сладост можеа да се испуштат и задоволството од убавиот ручек да пропадне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Идентитетот комплетно се губи, а јаството се соединува со сѐ она што е вон него, со чувство unio mistica.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога тоа ќе се случи, објектот е проникнат со чувство на длабоко значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Обично ние сме со чувсто на пораз.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Или оној совет што измеша многу мои сфаќања и замати многу нешта во врска со чувствата: „Ако се обидеш да го прикриеш недоразбирањето со ближниот, па дури и чувстото на лична болка произлезена од тоа недоразбирање, не се повредуваш само себеси!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога се обиде да ја крене главата неочекувана остра болка му ја повлече назад на перницата, каде што остана да се одмора со чувство на тапост и тежина, со придушени удари во слепоочниците, а челичен обрач му го притискаше челото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Трчав сѐ до безизлезната улица со чувство дека сувиот призрак ме гони.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тргнав во еуфорија кон скалата, со чувство дека сум семоќен, ја зедов (а и самиот не знаев, во тој миг, зошто ја земам), ја кренав и на ум ми дојде луда идеја: „Ако можам со моторот, зошто не би можел да стојам во воздух и со скалата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Насетуваше страв во кој тој би бил пајакот а сите оние невидливи зборови за кои стрепеше дека некогаш некој ќе ги изговори или уште полошо, некој знае за нив иако не ги гледа, а тие знаат за тоа и стрпливо чекаат со чувство, дека им е сосема сеедно - порано или подоцна, дека тој сѐ позачестено се откриваше во пајажина за која никогаш и под ниеден услов не би можел да признае дека е негова, тој, од него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Поинаку ќе зборуваш само со разумот, а не и со чувствата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секој од нас исполнет со чувство на љубов, среќа, радост што ни ги подари без тронка грижа на совест... јас станувам роб на моите сништа, и доблести...што животот ми го прават како бајка со среќен крај...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Беше гладен, чуваше во себе едно тивко сожалување кон оние неуморни питачи, што и молитвеа на ноќта, клекнати поколеници и загледани во ѕвездите, но сеедно со чувството колку бесмислено може да биде тоа нивно празно завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зар не е одвратно тоа да влезеш под кожата на оној што не можеш да го поднесуваш ни со чувството ни со мислата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо, со чувство на омраза, но внимателно, ги рони полепнатите пластинки земја од цевката која како сиво подземно животно лежи пред него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе попораснеш малку од нивно бувтање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најстариот меѓу нив, Симон Наконтик, со чувство дека е најповикан да ја мери правдата, веќе стоел со крената глава помеѓу пркосниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин ги слушнале нивните чекори, пошле еден кон друг, потоа ги виделе, нив и своите сенки што попусто им го сечеле патот: ќе се зграпчат за раце и со нозе и ќе се кинат со апежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чувства или без во убава сјајна конзерва, Конзерва која ме чува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Застана пред него осветлена од утреното сонце и со чувство на малолетник фатен во грев.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Морници минаа низ телото на Томето, кои ја исполнија со чувство на бескрајна радост и задоволство.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Живееше со чувство дека го измамил времето, како да немаше тоа за него граници, како да беше склучил пакт со вечноста!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Преживеа десетина атентати, смртоносни авантури, истребувачките борби во Либан, чести обиди за ликвидација, среќен пад од авион.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одеше по бело поплочениот коридор, со чувство дека оди под сончева светлина, со вооружен стражар покрај себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потона во сон мрморејќи „ Нормалноста не е прашање на статистиката“, со чувство дека во таа мисла е содржана длабока мудрост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сакав да те прашам, дали имаш да ми дадеш еден жилет“, рече тој. „Не, ниту еден!“ одговори Винстон брзо, со чувство на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја однесе дома во својата актовка со чувство на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со чувство дека му зборува на О'Брајан, и истовремено дека поставува значајна аксиома, тој напиша: „ Слободата е слобода да се каже дека два плус два прават четири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се виде себеси како стои таму, во нејасната светлина на ламбата, сред мирисот на бубалките и на евтиниот парфем, и со чувство на пораз и на отпор, што дури и во тој момент беше помешано со мислата на белото тело на Кетрин, смрзнато засекогаш од хипнотичната моќ на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Продолжуваше со животот што ѝ преостануваше, со непогрешлив внатрешен усет и со чувство за мера, да си го исполнува својот круг на семејната судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што е најважно, се разбуди со чувство не само дека се наспал туку и дека се преспал и со копнеж што поскоро да излезе од постелата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бошко заспа со чувство на болка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Македонката со колак коса врз темето не можеше да замижи пред толкава болка па и од нејзините очи потекоа солзи, како и од очите на високиот маж, а заминаа без да ги поздрави толпата, со чувство дека сите ги мразат штом се дрзнуваат да испорачуваат Македончиња како Грчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со чувствата создаваме магија, мигови на очовечување, ги отвораме сетилата за да ја впиеме страста, надежта, мирисот на животот, патуваме низ некои непознати, волшебни, езотерични простори, сосема нов свет на поспокојно живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Паметен човек не остава Ништо и никој зад себе што го боли, не жртвува среќа не е жртва на сопствени цели, се раѓа, со чувства, визија, идеали, потреби и желби.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се очисти од правта, си ги истресе бечвите од пешачењето, со чувство за подготвување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)