со (предл.) - тетка (имн.)

Чека што ќе стане. - Владо, ела поздрави се, душо, со тетка ти.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако се споредам со тетка ти, која е „покревка“, „понеспособна“, а на која маж ѝ и децата ѝ ја исполнуваат секоја желба, гледам колку погрешно сум се поставила кон вас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислев како да го наведам разговорот на жената што дојде со тетка Рајна, но ништо не ми доаѓаше на памет.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Вие дојдовте кај нас со тетка Рајна? - реков. - Да, да ... рече таа и ме погали по косата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се поздравив набрзина и со трчање отидов во училиште, зашто беше доцна, без да разберам која беше другата жена со тетка Рајна и што бараше кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во моментот таа мисла ми се поврза со тетка Рајна и со жената, која беше дојдена со неа пред јас да заминам на училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дојден е со тетките, односно со сестрите на мајка му.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа се случи недела две пред да се сретне со тетка Перса, личноста што направи вистински пресврт во нејзиниот живот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со тетка ми Ана се разбиравме подобро одошто се надевав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најмногу ме чудеше тоа што и мајка ми се смееше весело, раскажувајќи за некое дамнешно летување во Макарска со тетка Славица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ги содруживме погледите со тетка Анѓа, чии што очи отпрвин свенато нѐ пречекаа, а потоа веднаш благо и родителски светнаа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)