со (предл.) - сопруг (имн.)

- Во недела со сопругот ве чекаме на вечера. Околу... Кога ви одговара.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во 1856 година, во изнајмената соба над една ковачница, во која живеела со сопругот по венчавката, на свет го донела Зигмунд, следната година го родила Јулиус, кој умрел осум месеци подоцна, а потоа се родила Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сестра му Кефсер се омажи многу млада, на седумнаесет години, и неколку месеци по свадбата со сопругот Гани замина во Швајцарија, во Луцерн.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Татковата сестра замина. Но, таа со сопругот не беше пречекана како што очекуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)