со (предл.) - свиркање (имн.)

И со насмевка што им била својствена само на најблагородните левантински филозофи што во своите мисли го ставале човекот над верите и над расите, бавно, со свиркање на воздухот од неговите гради помеѓу секој збор, објаснувал дека ниедна болештина не е посилна од возвишеноста на духот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ со свиркање си даваат знаци стражарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бојан со свиркање си влезе во колибата. Старецот го слушна како лока матеница од бокалот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со свиркање си кажуваат дали е слободен патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со свиркањето си разговараме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)