со (предл.) - светлост (имн.)

Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив, но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо - Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налуничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун, бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Своите навезени стихови ги криеше како магија која може да исчезне со светлоста на денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темнината се витка, трепери и се раскинува во плашливо буричкање со светлоста од свеќата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)