со (предл.) - причина (имн.)

И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Теоретичарите најчесто се занимаваат со причините, а ја тука ќе се осврнам на евентуалните неуспеси при обидот за самоубиство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наместо ова, одлучив посериозно да се позанимавам со причините за мојата необична ламаринена имагинација...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Нејзе не и се случи да биде поблиску до него во подоцнежните времиња.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Добро, добро, но не е сѐ толку црно - се обидов да ги разгонам грдите мисли на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Најсетне и Иван самиот сфати дека згрешил. Ми рече дека непотребно избрзал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А Таша, (од сите наши разговори го понесував тој впечаток), Таша го почитуваше Ѓурчин и понатаму! Веројатно со причина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За жал, кога е во прашање нашиот Иван, некој одредил веднаш да биде казнет - реков по мала пауза. - Веројатно со причина - додаде Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговата смиреност посебно ме насрчи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)