со (предл.) - приказна (имн.)

Ништо во претставата не коренсподира со приказната на режисерот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како сведок на телесните и душевни предавања се појавува самиот Готвач, со приказната која воајерски патува по деловите на нивните тела, набројувајќи ги местата на средбите и телесните допири.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Приказната за Елена, преубавата ќерка на Зевс и Леда, содржи изненадувачки поклопувања со приказната за Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зборовите “Belle Haleine” се заштитен знак (негов жиг) на овој измислен мирис и печатени се под фотографијата на која Du- champ се појавува камуфлиран во жена, со голем шешир на главата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е и моментот во кој се отвора политичкиот контекст на делото, подоцна заокружен со Симонивите нејасни врски со политичката елита на Македонија како и со приказната за партиски поделеното и раскарано село, но дневнополитичкото милје, иако препознатливо, ни во еден момент не се наметнува самото како слика на современиот момент, туку пред сѐ, преку поврзувањето на минатото и сегашноста, се стреми кон воопштување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Туку што стана, тој пак се врати, го отвори блокот и на внатрешната страница од картонскиот капак запиша: Сѐ во врска со приказната треба да биде така „документирано“ што авторот мора на читателот да му наметне верување дека тој ја зборува вистината и само вистината; но истовремено да биде несомнено и тоа дека сѐ што е раскажано е исто толку и повеќе од толку целосно измислено така што секоја сличност и помисла на стварноста да биде случајна; тоа го наметнува творечаката лага на којашто ќе биде подложен читателот привилегиран со вистината што следува!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го спомнав и Ѓурчина. Реков дека не можам ни да си замислам а камоли да поврзувам некого од нив со приказната што го интересира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ја кажуваш онака како што треба... Како и со приказната...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А дрварот кој одмара под замолчаната воденица напуштена од водите и зборливите птици ме почести со две-три голтки од пагурчето и со приказна од Четириесетчетвртата, кога окупаторот, по борбите на Осогово, ги растовари во дворот на Кочанска црква дванаесетте мртви, од своите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кристофер Колумбо Васко де Гама Педро Алварез Кабрал Џон Кабот Фернандо Магелан Јас ќе продолжам со приказната Но Карак и Каравела ќе заминат во морските широчини Доцнам!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)