со (предл.) - прием (имн.)

Се донесе и кутијата на одлуките, во која секој од нас требаше да спушти по еден лист на кој претходно требаше со калем да се сочини крст, како знак за согласност со приемот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше времето кога младата македонска дипломатија ја понесуваше мисијата на нови обврски во врска со приемот на Република Македонија во Обединетите нации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да станам амбасадор на новата Република Македонија, на 19 февруари 1993 година бев ангажиран во дипломатска мисија во земјите на Магреб.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу по заминувањето на внучињата на Петра и Костадина, работниците слегоа до последниот кат, Пелагија и другите го симнаа сето ѓубре од најгорниот кат до првиот, го собраа на куп пред самата зграда и додека ги зачистуваа пенџерињата и вратите, поминаа неколку комисии врзани со приемот на зградата, па почнаа да се точкаат сопствениците на становите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)