со (предл.) - потсмев (имн.)

Се шегачеа меѓу себе. Сѐ им почнуваше со зборовите „си беше еднаш еден Банаќанин...или Бачканин и така тој...“ и секогаш шегата завршуваше со потсмев на оној вториот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој ја вртеше песнарката, ја отвори и почна да чита на глас; ме понижуваше така што читаше бавно стих по стих, и потем се смешкаше; ме прашуваше со потсмев во очите што сум сакал да кажам со ова, што сум сакал да кажам со она; па како може ѕвездите да шепотат, па како може вратот на некоја девојка да личи на кула Давидова; па како е можно устата да биде како калинка а градите две срни меѓу кринови; па зарем не е глупаво човек да каже дека нечија коса е како стадо кози, и слично и слично.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Кога Човек не е сам и сувата трева е повесела.“ Се ловеше : со потсмев пееше на црковен начин, како проповедник. „Тој е сакат, Мироне“, пак рекоа долждалците. Мирон не ги чу.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Момчето на моторните ролшуи дофрли со потсмев: „Ајде, Џо! Тие и нивните бајки. Глупости!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А токму тој повик беше проследен најпрвин со потсмев а потоа со ракоплескање! Господе, господе, дали е можно тоа?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го совладуваше својот бол со потсмев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Говореше со искривена уста покажувајќи го со радост секому својот златен заб и уште ако кон сетоа тоа ќе се додадеше дека неколку дни прет тоа совлада на ринг некаков бистроок и црн Романе, јасно можеше да биде дека не можеше а да не го гледа со потсмев тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)