со (предл.) - поет (имн.)

А бидејќи е доволно млада, се надеваме дека нејзината кариера како прозаистка (по ѓаволите со поетите!) допрва почнува.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се говореше, но тоа беа само гласини за кои во ниедна книга потврда верна не можеше да се најде, дека тој запис е во некаква врска со поетот и царот мудар Јудејски, Соломон, за кого и Писмото Свето говори со слава и почест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби тој логор да беше само со поети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мора да е тој логор само со поети, си велиме, затоа кај нив се одредени „Пушкиновите денови“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги измамува луѓето...и само со поетите има допир силен ко најприсно сливање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, мојот дамнешен пријател ми остана последната жива врска со Арафат, да ми сведочи за него, за нивното политичко разидување, сѐ до времето кога го изнесоа на смртната постела од бетонскиот кафез-резиденција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последната средба со поетот Махмуд Дарвиш ја имав кон крајот на 2007 година во Струга кога тој се овенча со поетскиот Златен ловоров венец на поезијата, вредувајќи се меѓу поетските великани во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па мајка ми, кога првпат беше крикнал татко ми си помислила да не станало и со татко ми како со поетот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Впрочем со поетите и писателите секогаш е така Цел живот сите ги гледаат како џуџести брези А кога ќе умрат ќе се види дека биле бабачки како секвои Секвоите галиба први рекоа Едно сонување еден век А за Дикенс и научно е утврдено Дека ја откри обратнопропорционалноста на сонот и јавето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)